Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Николоски: Со ревитализацијата на железничкиот сообраќај, ќе се враќа и карго-сообраќајот во Прилеп

Актуелното засилено инфраструктурно темпо во уредувањето на Прилеп ќе биде дополнително инјектирано…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Актуелното засилено инфраструктурно темпо во уредувањето на Прилеп ќе биде дополнително инјектирано и со ревитализацијата на железничкиот сообраќај, а преку него и со враќањето на карго-сообраќајот во градот. Тоа ќе биде од огромна полза за локалните стопански субјекти, но и за екологијата, најави денеска од Прилеп министерот за транспорт и врски, потенцирајќи дека првичните средби со стопанствениците веќе се остварени.

„Имавме состанок со најголемите компании од градот Прилеп и разговаравме за повторно карго-сообраќајот да се врати во Прилеп, што ќе значи многу, многу поевтин начин на транспорт за компаниите и ќе значи повеќе работни места. Тоа е нешто што во минатото функционирало, за жал, во моментов не функционира од причина што Железница беше доста време девастирана. Направивме оперативен план кој што треба во следните шест месеци до една година да го реализираме целосно и целосно да ја заживееме железницата“, изјави Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски.

При денешната работна посета на Прилеп, министерот Николоски заедно со прилепскиот градоначалник изврши увид и во градежните работи на улицата „Кеј Први мај“, каде локалната самоуправа со финансиска помош од Владата изврши уредување на со години запоставениот кеј од Градската река, со поплочување на тротоарите и поставување на урбана опрема.

Реклама

„Должина од 700 метри, вредност 7 милиони денари, средства обезбедени од Министерството за транспорт. Една фаза е оваа, а следна фаза би била реконструкција на велосипедските и пешачките патеки на ул. „11 Октомври“, која ја очекуваме, согласно градежниот календар на компанијата која што го има овој тендер, да почне да се реализира од наредниот месец, односно од месец мај и таму би имале сериозни градежни активности за разубавување на градот“, посочи Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

Министерот Николоски и градоначалникот Проданоски и денеска уште еднаш потврдија дека Прилеп ќе ја добие и насушно потребната обиколница, а цела Пелагонија ќе ја добие ветената современа патна инфраструктура – автопатските и експресните делници на кои интензивно се работи за поврзување на Пелагонискиот регион со Скопје преку Плетвар и Градско.