Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување против три лица од Дојран, меѓу кои и поранешниот градоначалник

СВР Струмица – ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СВР Струмица – ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија против Т.З. (37) од Стар Дојран, Б.К. (54) од Нов Дојран и А.А. (41) од Стар Дојран, осомничени за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот закон.

Според пријавата, пред две години, на 29 април 2024, пријавените со неизвршување на своите службени должности во текот на управна постапка, постапиле спротивно на повеќе законски прописи, меѓу кои Законот за прогласување на Дојранското Езеро за споменик на природата, Законот за води и Законот за градење.

– Првопријавениот, во својство на овластен комунален инспектор во Општина Дојран, изготвил одобрение за градење за угостителски објект со хотелско сместување на инвеститор од Струмица, иако во основниот проект недостигала задолжителна водостопанска согласност. Второпријавениот, вработен како самостоен референт во областа на урбанизмот и градежништвото, го контролирал и одобрил издаденото одобрение, и покрај утврдените недостатоци. Третопријавениот, кој во тој период ја извршувал функцијата градоначалник на Општина Дојран, го потпишал и го издал одобрението за градење, соопшти МВР во дневниот билтен.