Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Директорот на ЦУК, Али, потпиша колективен договор со синдикалните организации

Значаен исчекор во насока на унапредување на правата и положбата на вработените,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Значаен исчекор во насока на унапредување на правата и положбата на вработените, како и зајакнување на институционалниот интегритет, беше направен денеска во Центарот за управување со кризи. Директорот Мухамед Али потпиша колективен договор со синдикалните организации, со што вработените се поставуваат во центарот на вниманието како клучен столб на функционирањето на институцијата – соопштија попладнево од ЦУК.

– Со овој договор се овозможува поконзистентно и поправедно вреднување на трудот, како и унапредување на професионалното достоинство и мотивација на вработените. Седум проценти зголемување на платите со мартовската плата во 2026 година, 7 проценти зголемување на платите со мартовската плата во 2027 година, 7 проценти зголемување на платите со мартовската плата во 2028 година – пишува во соопштението.

Се истакнува дека договорот е резултат на конструктивен социјален дијалог и институционална координација потврдувајќи дека преку партнерски пристап се постигнуваат одржливи и правични решенија.

Реклама

– Овој чекор претставува значаен придонес кон градење посилен и поефикасен институционален систем во служба на граѓаните – потенцираа од ЦУК.