Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Свет

Американец уби осум деца, од кои седум негови

Американец уби седум свои деца и уште едно дете во пукање во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Американец уби седум свои деца и уште едно дете во пукање во градот Шревепорт во сојузната држава Луизијана, што полицијата го опиша како „домашно насилство“. Децата биле на возраст од една до 14 години.

Убиецот е идентификуван како 31-годишниот Шамар Елкинс. Тој застрелал десет луѓе, пред да избега со украден автомобил. Полицијата го убила откако тргнала по него.

Две возрасни жени, вклучувајќи ја мајката на децата, се во критична состојба. Елкинс прво застрелал жена на улица, по што се упатил кон куќа во соседството, каде што убил осум деца, од кои едно не било роднински поврзано со него.

Реклама

Според полицијата, деветтото дете скокнало од покривот и сега е во болница, но се очекува да преживее. Едно од децата било убиено на покривот.

„Сите починати се малолетници. Полицајците се уверени дека ова е целосно семеен инцидент“, изјави портпаролот на полицијата на Шревепорт, Крис Борделон.

Ова е најсмртоносното масовно пукање во САД од јануари 2024, кога беа убиени осум лица во градот Џолиет.