Реклама

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Свет

Турција во шок по масакрот во училиштето во Кахраманмараш

Осмоодделенецот кој уби четири лица и рани 20 други во училиште во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Осмоодделенецот кој уби четири лица и рани 20 други во училиште во југоисточниот турски град Кахраманмараш е мртов, соопшти гувернерот на округот. Напаѓачот влегол во две училници со ученици од петто одделение, каде што отворил оган. Тој пристигнал во училиштето со пет парчиња оружје и седум рамки со муниција. Властите го привеле таткото на момчето, кој е поранешен полицаец.

– Во моментот на хаосот, тој се застрелал. Не е целосно јасно дали станува збор за самоубиство или за инцидент во тој метеж, но тој е мртов. Напаѓачот е ученик во осмо одделение и учел во истото училиште. Неговиот татко е поранешен припадник на безбедносните служби и претпоставуваме дека го земал оружјето од него – изјави гувернерот на областа.

Тој ги демантираше информациите што се појавија на социјалните мрежи дека имало слични напади и во други училишта во округот. Причината за нападот засега не е позната.