Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Успешен почеток на туристичката сезона во Дојран за Велигден

Со полни сместувачки капацитети и задоволни посетители помина четиридневниот продолжен викенд во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со полни сместувачки капацитети и задоволни посетители помина четиридневниот продолжен викенд во Дојран, кој домашни, но и странски туристи го посетија токму за Велигден. Угостителите и хотелиерите, но и издавачите на приватно сместување велат дека се задоволни од посетеноста и доколку временските услови се поволни очекуваат побројни посети на Дојран и во наредните викенди.

– За изминатите четири дена имавме околу 80 до 90 проценти исполнетост на хотелиерското сместување, а стандардно полни сме и во ресторантскиот дел, велат во изјава од еден од хотелите во Стар Дојран.

Викендов низ преполните паркинзи во централното подрачје на Дојран можеа да се забележат посетители од повеќе градови меѓу кои најчести беа од Струмица, Радовиш, Валандово, Штип, како и сопствениците на викендици од главниот град, а имаше туристи и од соседна Грција и Бугарија.

Реклама

Убавото време посетителите го искористија за спортска рекреација по патеката покрај Дојранското Езеро, на шеталиштето во центарот на градот, како и за прошетка во градскиот парк.

Во угостителските објекти се бараше место повеќе за да се проба вкусната дојранска храна, посебно специјалитетите од риба по кои Дојран е најпознат.