Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Прилози

Велигденски Брзата помош интервенирала кај 7 колабирани пациенти, но и кај пијани граѓани

Седум колапси,  од кои еден хоспитализиран и повеќе повици од лица во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Седум колапси,  од кои еден хоспитализиран и повеќе повици од лица во алкохолизирана состојба регистрирала брзата помош изминатиот празничен викенд. Во однос на храната граѓаните биле досега дисциплинирани, но лекарите очекуваат овие два дена да има и такви проблеми. Апелираат секако да се внимава и на храната и да не се внесува во големи количини,  а  на хроничните болни да ја замаат терапијата и да внимаваат на променливото време.

-Изминатиот викенд вкупниот број на интервенции  во итната  медицинска помош не го насмина бројот, но впечатливо е дека е зголемен бројот на интервенции од итен карактер. Од типот на колапси во изминатото деноноќие имавме зголемен број  и тоа 7 колапси од кои еден е хоспитализиран, вели за Алфа доктор Маргарита Атанасовска Трипуновска.

Поради варијациите на температурата и климата,  се апелира да се внимава на крвниот притисок и ако е потребно да се побара помош.

Реклама

–Имаме граѓани кои се жалат на доста главоболки и вртоглавица исто така доста нагласена особено кај хроничните болни и да се зема терапијата која е пропишана од лекар. А оние кои имаат проблеми со главоболки и  вртоглавици може да се упатат и во ургентните центри во својот град, вели Атасовска Трипуновска.

Докторите апелираат  граѓаните кои постеле повеќе да внимаваат во деновите што следат, да внесуваат постепено масна храна биидејќи на организмот му треба време  да се прилагоди. Постепено внесување на намирниците е неопходно според лекарите, за да не дојде до проблеми од типот на труење со храна, воспаление на жолчка како и други потешкотии.

Матеја Петровски