Израел изврши жесток напад врз Хезболах во Либан, доведувајќи го во прашање кревкото примирје меѓу САД и Иран. Над 200 луѓе загинаа, стотици се повредени. Тел Авив тврди дека Либан не е вклучен во договорот за прекин на огнот, додека Хезболах тврди поинаку. САД ќе мора да изберат меѓу прекин на огнот и продолжување на војната преку Израел, соопшти иранскиот шеф на дипломатијата Арагчи. Револуционерната гарда на Иран тврди дека го затворила Ормускиот Теснец поради израелските напади и се закани со одговор ако Тел Авив продолжи со дејствија во Либан.
Од Белата куќа ги отфрлија тврдењата. Вашингтон нагласува дека Либан не е дел од договорот, дека тој е во добра позиција и дека преговорите продолжуваат, но и предупредува на сериозни последици ако Иран ги прекрши условите. Во меѓувреме, Трамп изрази разочарување од НАТО на средбата со генералниот секретар Руте поради војната со Иран, оценувајќи дека алијансата потфрлила, додека Руте порача дека разговорот бил искрен и дека мнозинството сојузници сепак помогнале.
Тензиите меѓу Вашингтон и сојузниците растат, додека британскиот премиер Стармер веќе започна дипломатска турнеја во Персискиот Залив за поддршка на примирјето.
