Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Лишен од слобода турски државјанин во Скопје, пронајдена дрога и компјутери преку кои организирал онлајн-игри на среќа

Полициски службеници денеска лишиле од слобода турски државјанин во Скопје, откако кај…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полициски службеници денеска лишиле од слобода турски државјанин во Скопје, откако кај неговиот дом е пронајдена дрога и компјутери преку кои организирал онлајн-игри на среќа.

-На територија на Центар денеска полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Б.Б.(29), турски државјанин со престојувалиште во Скопје. При извршен претрес, по добиена судска наредба, во домот во кој престојувал Б.Б., пронајдени се пет саксии со канабис, марихуана, дигитална вага и два лап топ компјутери преку кои организирал онлајн-игри на среќа – информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР информираат дека известен е јавен обвинител и најавуваат дека по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.