Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Сиљановска-Давкова по повод 8 Април: Ромите историски и културно се неразделен дел од македонската држава и општество

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до припадниците на ромската заедница по повод…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до припадниците на ромската заедница по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април, во која наведува дека Ромите историски и културно се неразделен дел од македонската држава и општество.

– Почитувани сограѓани Роми, нека ви е и нека ни е честит 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите. Искрено посакувам да го одбележите овој ден во добро здравје, радост и среќа. Вие Ромите историски и културно сте неразделен дел од македонската држава и општество. Слободата, гордоста и заедништвото се особени вредности на ромскиот идентитет и заслужуваат должна почит – наведува Сиљановска-Давкова во честитката.

Претседателката додава дека нашата заедничка македонска држава формално-правно е лидер во гарантирањето на малцинските права, во регионални и европски рамки, но оти реалниот ромски живот е далеку од правните гаранции.

Реклама

– Осми април е вистинскиот ден за мерење и преиспитување на квалитетот на животот на нашите сограѓани Роми во сите области и на сите нивоа. Еднаш мора да ни стане јасно дека не е доволно да се повикуваме на Шуто Оризари, туку да обезбедиме пристоен живот на Ромите каде и да се – посочува претседателката во честитката.

Сиљановска-Давкова на крајот нагласува дека крајно време е да сфатиме дека ромската заедница е најранливата и најмаргинилизирана категорија граѓани, а како таква заслужува најголемо општествено внимание и заштита.