Тензиите меѓу САД и Иран го достигнаа својот врв во последните часови пред истекувањето на рокот што го даде американскиот претседател Доналд Трамп – Иран да го прифати делумниот мировен план за прекин на огнот од 45 дена или да се соочи со целосно уништување на енергетската и транспортната мрежа.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно го предупреди Иран да склучи договор во вторник, велејќи дека „цела цивилизација ќе умре вечерва“ ако не се постигне договор за прекин на конфликтот.
Додека Вашингтон и Трамп се закануваат, Техеран одбива примирје без свои услови, особено околу отворањето и контролата врз Ормутскиот Теснец. Останува неизвесно кој ќе попушти прв: САД, кои се закануваат со нови масовни напади, или Иран, кој одби примирје и наместо тоа испрати свои 10 услови за поширок договор. Иранските власти го повикаа населението, вклучително младите, уметниците и спортистите, да формираат жив штит околу електроцентралите низ земјата, како реакција на заканите од САД за напади врз енергетската инфраструктура. За Трамп сè, освен отворањето на Ормутскиот Теснец, е неприфатливо.
