Реклама

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Свет

Израел го ликвидираше шефот на иранското разузнавање

Иранските државни медиуми објавија дека е убиен Маџид Кадеми, шеф на разузнавачката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иранските државни медиуми објавија дека е убиен Маџид Кадеми, шеф на разузнавачката организација на Иранската револуционерна гарда, една од најмоќните безбедносни структури во земјата. Според истите извори, Кадеми загинал во напад за кој Револуционерната гарда ги обвини САД и Израел.

Израел, пак, ја презеде одговорноста за нападот. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац соопшти дека Кадеми бил ликвидиран во воздушен удар во Техеран и порача дека израелските напади врз иранското раководство ќе продолжат. Иран предупреди дека ќе изврши уште поуништучувачка одмазда доколку Доналд Трамп ги оствари своите закани и ги нападне иранските електрани и мостови.

Трамп прецизираше дека крајниот рок за отворање на Ормускиот теснец истекува во среда во два часот по средноевропско време. „Доколку нападите врз цивилни цели се повторат, следните фази од нашите офанзивни и одмазднички операции ќе бидат многу поразорни и пошироко распространети“, соопшти Главниот штаб на иранската војска.

Реклама

Трамп му се закани на Иран со пекол ако не прифати договор и не го отвори Ормускиот теснец, клучна траса за извоз на нафта и гас од Блискиот Исток, која е затворена за најголемиот број бродови од почетокот на американско-израелските напади. И покрај заканите, Трамп вели дека САД и Иран преговараат и дека договор е можен.