Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Свет

Иран не ја отвора Ормуската Теснина без надомест за бродарина

Иран одговори на ултиматумот од американскиот претседател Доналд Трамп со објавување нови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иран одговори на ултиматумот од американскиот претседател Доналд Трамп со објавување нови закани за Ормуската Теснина, која е витална артерија за глобалните испораки на нафта и гас – јави ДПА.

„Ормуската Теснина ќе се отвори повторно само кога, според нов правен режим, штетите од наметнатата војна ќе бидат целосно компензирани од дел од приходите од бродарина за транзит низ преминот“, изјави синоќа Мехди Табатабаеи, службеник за комуникации во канцеларијата на иранскиот претседател, на „Икс“.

Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (IRGC) соопшти дека морскиот премин нема да се врати во претходната состојба, особено не за САД и Израел, наведуваат иранските медиуми, пренесени од ДПА. 

Реклама

Техеран тврди дека има контрола врз целиот премин и планира да воведе систем на бродарина за транзит низ него.

Трамп го предупреди Иран дека се соочува со напади врз електрани и мостови ако не се придржува до ултиматумот за ортворање на Теснината до вторник во 20 часот (среда 00.00 GMT). Во објава на  платформата „Тру соушал“ тој рече: „Отворете го проклетиот премин, луди гадови, или ќе живеете во пеколот – САМО ГЛЕДАЈТЕ!“

Табатабаеи рече дека Трамп се обратил навредливо од „очај и бес“ обвинувајќи го за поттикнување целосна војна во регионот.

Мисија на Иран во Обединетите нации изјави на „Икс“ дека Трамп отворено се заканува дека ќе ја уништи инфраструктурата која е неопходна за опстанокот на цивилите повикувајќи ја меѓународната заедница да дејствува за да го спречи она што го опиша како воени злосторства, пренесе ДПА.