Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Прилози

Огромни штети би претрпела државата од самоволието на неколкумина сопственици на хациенди во Ореовец кои ја заглавуваат изградбата на автопатот Прилеп-Битола

Цели градови, цел регион, па и цела држава може да имаат последици…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Цели градови, цел регион, па и цела држава може да имаат последици од самоволието на неколкумина. Додека прилепчани и битолчани, па и сите во Пелагонија со нетрпение го чекаат новиот автопат кој треба да го скрати времето на патување, да ја подобри безбедноста и да ја поттикне економијата, изградбата ја компликуваат десетина сопственици на луксузни хациенди со базени и градини во селото Ореовец под Плетвар кои не дозволуваат пристап до државниот каменолом од кој треба да се вади градежен материјал. Огромен дел од жителите на Прилеп и Битола велат дека изградбата не треба да трпи и не веруваат во тврдењата на неколкумината локални газди со огромни куќи дека ископот во државниот каменолом ќе има сериозни последици врз животната средина.

  • Треба да продолжи, потребен е, да, сигурно ако некои проблеми се јавуваат.
  • Треба да работат, да.
  • Има и диви градби, ама има и питоми кои што ги оштетуваат. Зошто ја рушат планината, така е, ни ја загадуваат околината.
  • Треба да се изгради Прилеп-Битола, зошто овој пат е многу блиску до градот и многу од населението се движи, одат по ниви и по бавчи.
  • Треба што поскоро да се направи, што е можно подолго и насекаде, зошто не чини патот сега Битола-Прилеп.

Изградбата на автопатот е заглавена поради блокираниот пристап до каменоломот, а државата се соочува со сериозни штети кои може да надминат фантастични 150 милиони евра, пари кои би биле на товар на државниот буџет, односно на сите граѓани на Македонија, пари кои би можеле да се потрошат за изградба на водоводи, канализации, училишта и болници.

Дел од сопствениците на куќи во Ореовец речиси две години не дозволуваат пристап до државниот каменолом од кој треба да се вади градежниот материјал. Тврдат дека се загрижени за животната средина, иако сите анализи и контроли го велат спротивното.

Реклама

На терен имаат излезено инспектори од повеќе институции и немаат констатирано никакви неправилности. Поставени се и апарати за мерење на загадувањето, вибрациите и бучавата, кои покажуваат дека нема отстапувања од дозволените вредности.

Симптоматично е што оние кои ја попречуваат градбата на автопатот преку блокирање на пристапот до државниот каменолом, немаат ништо против неколку приватни каменоломи кои во овој крај работат со години. Конкретниот каменолом е во сопственост на државата и е оддалечен повеќе од 700 метри од селото, локацијата е одредена со самиот договор за изведба на Коридор 8 и Коридор 10-Д, а претходно и била планирана за доделување концесија за комерцијално користење.