Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Филипче: Изјавата на Пендаровски е извадена од контекст, тој ја поддржува СДСМ

Претседателот на СДСМ Венко Филипче смета дека изјавата на поранешниот претседател на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на СДСМ Венко Филипче смета дека изјавата на поранешниот претседател на државата Стево Пендаровски е извадена од контекст и оти тоа го прават медиуми и структури блиски до власта за да ја нападнат паријата, да кажат дека внатре има поделби. Пендаровски, вели, напротив, дава максимална поддршка во тоа што го прават како партија.

-Интересно е зошто прашањето доаѓа сега, а изјавата е од пред неколку недели. А и таа изјава е извадена од контекст. Ако ја видите цела изјава таа воопшто не е таква. Претседателот Пендаровски, напротив, дава максимална поддршка во тоа што го правиме, го работиме во партијата. Изминатаите денови  тоа е резултат на една силна кампања на провладините про ВМРО-вски медиуми, би рекол агитатори, не новинари кои што вадат од контекст и ја напаѓаат партијата, кажуваат дека има делби и така натаму. Прават се и се занимаваат само со СДСМ, а кажуваат дека партијата е мртва, ако е така, зошто 90 проценти од црната кампања на провладините медиуми е против нас и против мене лично, рече Филипче.

Вели дека ваквото однесување е резултат на последата анкета која ја нарачала ВМРО-ДПМНЕ, чии резултати не ги објавуваат, бидејќи разликата меѓу двете партии е намалена.

Реклама

-Разликата помеѓу нас и нив, а тие резултати не ги објавуваат, за разлика од периодот после изборите 2024 година воочи изборите 2025 година кога нашата разлика беше еден према три, сега е падната на еден према 1,25. Затоа тие се во паника, зашто ова е најлошата и најкоруптивната Влада што некогаш ја водела оваа држава, рече на денешната прес-конференција Филипче.

Тој ја коментираше и изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека се што прави СДСМ во евроинтегративниот процес е само коленичење.

-Еве нека излезе премиерот и нека објасни што е коленичење, што е предавство на македонските национални интереси. Како тоа со тоа сé што е направено досега од владите на СДСМ во изминатите години некако се загрозени националните интереси, рече Филипче.

Истакна дека ниту самиот премиер нема ништо против ставањето на бугарското и други малцинска во македонскиот Устав.

Тој смета дека оваа власт одработува само за биснис и за интереси на други држави, што, како што истакна, е рамно на национално предавство.

-Христијан Мицкоски прави национално предавство на македонските национални интереси затоа што одработува за странски држави, за Унгарија, којашто јавно и јасно е оценета од ЕУ дека е соработник на Русија, а Русија нема интерес овој дел од Балканот да се интегрира во Европа, рече Филипче додавајќи дека премиерот нема капацитет да води држава.