Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Граѓаните на Кочани од денеска можат текстилниот отпад да го исфрлаат во посебни контејнери

После склучувањето на договорот помеѓу Општина Кочани и лиценцираната компанија за екотекстил…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

После склучувањето на договорот помеѓу Општина Кочани и лиценцираната компанија за екотекстил „Екотекс груп“, како еден од колективните постапувачи во Македонија, денеска во Кочани пристигнаа 10 контејнери за текстилен отпад, отстапени на трајно користење на Општината. 

Еден од контејнерите за текстилен отпад беше лоциран во дворот на ОУ „Св. Кирил и Медоиј“ во Кочани, а останатите ќе бидат сместени во другите седум училишта и во детската градинка, каде што граѓаните ќе можат да го остават својот текстилен отпад, односно текстилните производи коишто повеќе не ги користат, информира Општина Кочани.

Целта, според информацијата,  е текстилниот отпад да не се исфрла на депониите, каде што тешко се разградува. Откако ќе се наполни контејнерот, компанијата „Екотекс груп“ ќе го испразни, за тој да продолжи на натамошен третман.

Реклама

Законите за управување со отпад велат дека општините како клучен столб во системот за управување со отпадот имаат задача да воспостават собирни центри и контејнери за текстил. За таа цел Општина Кочани ги повикува граѓаните да го селектираат текстилниот отпад совесно користејќи ги соодветните контејнери.