Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот, непотизмот и кронизмот се симболи на СДСМ, сега се работи одговорно и посветено на заштита на стабилноста, безбедноста и достоинството на граѓаните

Криминалот, непотизмот и кронизмот се симболи на СДСМ, сега се работи одговорно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Криминалот, непотизмот и кронизмот се симболи на СДСМ, сега се работи одговорно и посветено на заштита на стабилноста, безбедноста и достоинството на граѓаните. МВР во време на СДСМ и Оливер Спасовски беше алатка за заштита на криминалот и корупцијата, а Заев и Спасовски шуруваа со белосветски криминалци – се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ нема кредибилитет да зборува за непотизам, ниту за безбедност, затоа што 7 години беа заштитници на криминалот и криминалните банди.

Улиците во Скопје во време на СДСМ, ДУИ и Оливер Спасовски беа како Дивиот Запад, убиства и мафијашки престрелки имаше среде ден.

Реклама

Во време на Оливер Спасовски секој ден почнуваше со скандал, Спасовски им даде пасоши на белосветски криминалци, како и на бандити од Шкаљарскиот и Кавачкиот клан, имаше кражби и убиства за кои немаше разврска, ниту одговорност.

Во време на СДСМ и Спасовски полицајци се удираа во пајак-возилата, во време на Спасовски командири од Прилеп дилаа дрога, исчезнуваше оружје од депото на МВР, се крадеше масло од канабис, немаше одговорност на Спасовски, ниту за „Беса транс“.

Во време на Спасовски бевме први во Европа по бегства од затвори.

За разлика од минатото, кога полицајци се удира во пајаци, сега МВР реагира одлучно, брзо и професионално за сите кривично-правни настани и прекршочни настани.

Професионалната и независна полиција е темел на секое демократско општество. Заложба на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е градење силни и независни институции, кои работат исклучиво во интерес на граѓаните, со целосна транспарентност и одговорност.