Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Ристески: Не слушајте киропрактичари кога кажуваат да гладувате, ракот не се лекува со „изгладнување“

Доктор Милан Ристески, специјалист по онкологија,на својот фејсбук-профил апелира лицата заболени од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доктор Милан Ристески, специјалист по онкологија,на својот фејсбук-профил апелира лицата заболени од рак да не следат безусловно разни упатства за лекување објавени на интернет затоа што тоа, како што вели, може да ги доведе до побрза смрт. Тоа, нагласува, е случај и со тврдењата дека заболените треба да гладуваат за да го „изгладнат“ ракот. 

– Овој лик што се претставува како доктор, а всушност е киропрактичар, по неуспешен обид да заврши медицина, е извор на стравотни невистини. Не можете да го изгладните ракот со гладување! Не постои ниту една студија, од многуте од овој тип на „изгладнување“ што го потврди ова, напротив, сите пациенти што во метастатски стадиум се изгладнуваа не само што не се излекуваа туку починаа побргу од оние што не гладуваа. Неразбирањето на туморскиот катаболизам кај ваквите ликови носи стотици пациенти во пребрза смрт – стои во објавата на „Фејсбук“ на доктор Ристески.