Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев ни тогаш, ни сега ги негираат снимките на кои Давидовиќ – Дака вели дека на Заев му дал 300.000 евра и 2.000 метри квадратни земјиште

Поврзаноста на владата на СДСМ под водство на Зоран Заев, била длабоко…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поврзаноста на владата на СДСМ под водство на Зоран Заев, била длабоко поврзана со контроверзниот проруски бизнисмен, Миодраг Давидовиќ – Дака, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова беше познато и во 2020 кога излегоа аудиоснимките, на кои Дака се слуша како разговара со заевиот партнер од матните зделки, Зоран Милески – Кичеец на кој му вели дека на Заев му дал 300 илјади евра и 2.000 метри квадратни земјиште.

Кичеец бил посредник на Заев, кој Дака го рекетирал за да им завршат одредена бизнис услуга.

Реклама

На тогаш објавените снимки меѓу двајцата контроверзни ликови, Кичеец и Давидовиќ-Дака, се слуша и како прорускиот бизнисмен кажува дека парите, 300 илјади евра, кои му ги дал на Заев, тој ги искористил за да направи изборен инженеринг за референдумот за името.

Тоа што остана да лебди во воздухот е тоа што ниту Заев, ниту СДСМ ги негираа овие снимки, што јасно потврдува дека тие биле точни и автентични, а во истата снимка од разговорот на Дака со Кичеец, се слуша и името на поранешниот генерален секретар на владата на Заев, Драги Рашковски.

Ова значи дека целата тогашната власт на СДСМ била поврзана со овој прорускиот бизнисмен и затоа му ги знаат сите фирми и бизниси во кои е вклучен.

А, можеби и токму затоа помагале за менување на ДУП во град во западна Македонија, за што македонската јавност ќе биде потсетена на денешната прес-конференција.

Еве, деновите минуваат и освен што од ова СДСМ на чело со Филипче, ги брои фирмите и бизнисите на Дака, до денес, ни од партијата ни од Заев нема никакво негирање или демантирање за овој случај.

Тоа што на граѓаните им станува се појасно, е дека каде има криминал и корупција, таму се СДСМ, Заев и Филипче.