Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Консолидацијата на земјиштето во фокусот на денешниот настан во Стопанската комора

Настан „Зголемување на обемот на консолидација на земјиштето преку партнерства со приватниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Настан „Зголемување на обемот на консолидација на земјиштето преку партнерства со приватниот сектор“, во организација на Стопанската комора на Македонија, во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации (ФАО), ќе се одржи денеска со почеток во 10:30 часот во Стопанската комора.

Како што соопштуваат од Стопанската комора, на настанот ќе се разговара за значењето на консолидацијата на земјиштето како клучна земјишна реформа за модернизација на земјоделството, зголемување на продуктивноста и поттикнување инвестиции во агробизнисот.

Официјални обраќања ќе имаат министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, Мортен Хартвигсен од ФАО (видео-обраќање) и Кристина Митиќ Арсова од ФАО.

Реклама

Целта, како што дополнуваат, е да се поттикне дијалог и партнерства меѓу приватниот сектор, институциите, локалната самоуправа и академската заедница.