Реклама

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Свет

Сијарто: Европа се соочува со ризик од енергетска криза

Европа се соочува со ризик од енергетска криза – изјави унгарскиот министер…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европа се соочува со ризик од енергетска криза – изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, пренесе националната новинска агенција МТИ.

Тој предупреди дека укинувањето на унгарската шема за регулирани цени на енергијата би било „трагедија“ во сегашната ситуација. Сијарто денеска е на предизборна турнеја во шест населени места во текот на кампањата пред парламентарните избори во Унгарија закажани за 12 април.

Според него, нема изгледи војната во Иран да заврши набргу и таа влијае врз светските енергетски резерви. Тој посочи дека конфликтот засега речиси 20 проценти од глобалната потрошувачка на нафта, а во последните недели цените во Европа значително се зголемиле – за речиси 60 отсто кај гасот и 70 проценти кај нафтата.

Реклама

Унгарскиот министер за надворешни работи изјави дека решението е зголемување на понудата на енергетски ресурси, но, според него, европските пазари се ограничени бидејќи недостигаат руски гас и нафта, како и испораки од арапските земји.

– Бидејќи на европските пазари нема арапска или руска нафта, ниту руски гас, цените драстично растат – рече тој.

Предизборно Сијарто ја критикува опозициската партија ТИСА тврдејќи дека таа планира да го прекине користењето на руските енергетски ресурси. Тој смета дека тоа би довело и до укинување на регулираните цени на енергијата и горивата во земјата и тврди дека таквите мерки би можеле трипати да ги зголемат трошоците за енергија на унгарските домаќинства.

– Во документот објавен пред неколку дена тие велат дека сакаат да ги отстранат руската нафта и гас, со што ќе ја укинат и шемата за цените на комуналните услуги и заштитените цени на моторните горива – изјави тој.