Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Свет

Трамп ја разреши министерката за правда и главна обвинителка Бонди

Американскиот претседател денеска ја разреши министерката за правда и државна обвинителка Пем…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Американскиот претседател денеска ја разреши министерката за правда и државна обвинителка Пем Бонди и на нејзино место го именува досегашниот заменик Тод Бланч.

Бонди беше цврст застапник на политиките на Трамп за време на нејзиниот мандат, кршејќи ја долгогодишната традиција на Министерството за правда да биде независно од Белата куќа во спроведувањето истраги.

Критиките за досиејата на покојниот сексуален предатор Џефри Епстин од страна на сојузниците на Трамп и некои републиканци доминираа во мандатот на Бонди. Таа е обвинета за прикривање или необјавување документи од истрагата на Министерството за правда за аферата Епстин.

Реклама

Бонди беше критикувана и поради тоа што отпушти десетици искусни обвинители кои работеа на истраги што Трамп не ги одобруваше. Критичарите ја обвинуваат дека го напуштила традиционалниот приоритет на Министерството за спроведување фер правда.

Таа е втор висок владин службеник што е отпуштен од Трамп изминатиот период. Трамп на 5 март ја разреши министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноам, по критиките за начинот на кој Трамп се справува со имиграциската политика.