Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Свет

Макрон ги отфрли коментарите на Трамп за неговата брачна ситуација како несоодветни

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ги отфрли коментарите на американскиот претседател Доналд…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ги отфрли коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата брачна ситуација, велејќи дека тие „дури и не заслужуваат одговор“.

Замолен за коментар на тврдењето на Трамп дека „сопругата на Макрон се однесува лошо кон него“ и дека „Макрон едвај се опоравува од ударот во вилицата“, францускиот претседател рече дека тие коментари не се „ниту елегантни, ниту соодветни“, објави телевизијата BFM.

Претседателката на францускиот парламент, Јаел Брон-Пивет, ги оцени коментарите на Трамп како несоодветни.

Реклама

„Во моментов зборуваме за иднината на светот. Нешто се случува токму во Иран што има последици за животите на милиони луѓе, луѓе умираат на бојното поле, а имаме претседател кој се смее и им се потсмева на другите“, рече таа.

Пратеникот на левичарската партија „Непокорна Франција“, Мануел Бомпард, исто така, ги осуди коментарите на Трамп.

„Вие сте свесни за обемот на моите несогласувања со претседателот Макрон, но Доналд Трамп да зборува за него и неговата сопруга на тој начин, тоа е апсолутно неприфатливо за мене“, рече Бомпар.

За време на неговото синоќешно обраќање до нацијата Трамп рече дека Макрон одбил да испрати француски бродови за да им помогне на САД да ја отворат Ормуската Теснина во Персискиот Залив и дека Макрон бил „злоупотребуван од неговата сопруга“.

„Неговата сопруга се однесува многу лошо кон него, тој едвај се опорави од ударот во вилицата“, рече Трамп.

Американскиот претседател рече дека за време на телефонскиот разговор со Макрон, тој побарал од Франција помош за освојување на Ормуската Теснина, каде што Иран го блокирал поморскиот сообраќај.

Според него, Макрон го одбил барањето, изјавувајќи дека Франција може да испрати бродови „кога ќе се добие војната“.

Макрон вчера повтори дека Франција „не била консултирана“ за започнување војната од страна на САД и Израел против Иран и дека „не учествува“ во неа.