Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Петрушевски: Јавното обвинителство треба да работи во интерес на граѓаните, а не на поединци

Обвинителката Ленче Ристоска требала да даде оставка многу порано, поради скандалот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинителката Ленче Ристоска требала да даде оставка многу порано, поради скандалот на СЈО со бонусите и поради политичкиот прогон врз функционери од ВМРО-ДПМНЕ, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски вечерва во гостување на една од националните телевизии.

-Не гледам политички притисок од страна на ВМРО-ДПМНЕ кон Ленче Ристоска, меѓутоа во изминатите години гледав и те како еден политички прогон од страна на Ленче Ристоска врз ВМРО-ДПМНЕ и врз функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Јас лично очекував оваа оставка да ја дадеше многу порано, веднаш по скандалите со СЈО, кога беше една од најистакнатите обвинители, кога во јавноста се обелоденија оние суми коишто како бонус си ги зимале од Буџетот на Република Македонија, особено после изјавата на поранешен јавен обвинител којшто истакна дека таму Зоран Заев, Радмила Шеќеринска, Оливер Спасовски биле редовни гости и заедно со Ленче Ристоска и со останатите обвинители утврдувале кој функционер треба да биде под политички прогон, кој треба да биде ослободен, кој треба да биде притворен, со цел да се создаде еден политички инженеринг во рамките на процесите коишто ги водела тогашната влада- рече Петрушевски.

Петрушевски истакна дека Јавното обвинителство со вакви обвинители се покажало како неефикасно поради неспроведувањето на задачите за кое истото е формирано.

Реклама

-Сметам дека оваа оставка требаше да дојде многу порано од страна на еден ваков јавен обвинител. Се укажува дека имаме едно неефикасно Јавно обвинителство коешто не ја спроведува онаа задача за којашто е формирано и за којашто тие обвинители земале плата. Имала можност да се истакне во делот на реформа на тоа Јавно обвинителство, а не денеска откако согласно позитивните законски прописи е тргната да работи предмети коишто не се во доменот на нејзиното Јавно обвинителство- посочи Петрушевски и додаде:

„Нас ни е битно да функционира системот односно Јавното обвинителство, а не поединци да бидат таму задоволени, граѓаните бараат резултати а не политички интерес на поединци“.