Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Ascend 2030: Нелт Група продолжува со развој преку нови партнерства, инвестиции и дигитализација

На еднодневната конференција на Јахорина, на која присуствуваа директори и менаџери од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На еднодневната конференција на Јахорина, на која присуствуваа директори и менаџери од сите компании, Нелт Група ги претстави резултатите остварени во текот на првата година од имплементацијата на стратегијата „Ascend 2030“, при што дополнително го зајакна своето портфолио, ги прошири регионалните партнерства и реализираше клучни инвестиции во логистичката инфраструктура, се вели во соопштението од Нелт Група.

Од усвојувањето на стратегијата, Нелт Група го зајакна своето портфолио и пазарната позиција преку регионална соработка со партнери и со нови принципали: Chips Way и Waltz (Чипс Веј и Волц ) во Босна и Херцеговина, JTI и Alka Group (Elephant Brand) во Албанија, Bambi во Северна Македонија, Mondelez, Nestle, Colgate, Beiersdorf, Perfetti во Африка, Revlon, Vitamin Horgoš и Jaffa во Србија, додека со компанијата Coca-Cola HBC на српскиот пазар беше проширена логистичката соработка. Логистичките услуги и во други домени, како и фармацевтското работење, исто така бележат раст на обемот и проширување на партнерствата.

Марко Цилиќ, извршен финансиćски директор и в.д. генерален директор, изјави дека Нелт Група и во наредниот период останува посветена на својата визија и мисија да креира ефикасен и одржлив екосистем кој ги поврзува луѓето и брендовите преку извонредност во дистрибуцијата, сигурност во логистиката и експертиза во управувањето со брендови.

Реклама

-Влегуваме во следната фаза од имплементацијата на стратегијата со јасен фокус на дисциплина во работењето, развој на инфраструктурата и силни партнерства. Продолжуваме со нашиот раст кон одржлив и забрзан развој, истовремено инвестирајќи во луѓето, организацијата и развојот на сопствените брендови, додаде Цилиќ.

Во сложениот регионален и глобален геополитички контекст, Нелт продолжи со реализација на клучните стратешки иницијативи. Во таа насока, инвестирани се повеќе од 15 милиони евра во развој на логистичката инфраструктура, вклучувајќи нов дистрибутивен центар во Тирана и проширување на капацитетите во Бијељина, додека фармацевтскиот бизнис дополнително се позиционира како еден од клучните столбови на раст во регионот.

Брендовите на компаниите Neoplanta, Baby Food Factory, Chips Way и Candy Factory Angola се препознаени како лидери во своите категории и продолжуваат да инвестираат во иновации, унапредување на производството и глобално позиционирање.

„Во текот на 33 години постоење, Нелт Група израсна во лидер во дистрибуцијата, логистиката и производството на сопствени брендови. Нашиот раст се базира на континуирано инвестирање во луѓето, иновациите и прилагодувањето кон пазарите. Имаме здрави темели за долгорочен одржлив успех“, изјави Небојша Шапоњиќ, основач и косопственик на Нелт, додавајќи дека целите на „Ascend 2030“ остануваат забрзан раст на приходите на повеќе од 2 милијарди евра преку инвестиции, аквизиции, нови партнерства и иновации на брендови.

Нелт Група во наредниот период ќе биде фокусирана на забрзана дигитализација на работењето преку имплементација на SAP S/4HANA, стандардизација на процесите, ESG проекти, логистичка интеграција на регионалните пазари и инвестиции во инфраструктурата, работењето во Африка, како и развојот на своите луѓе.