Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Свет

НАСА го лансираше првиот екипаж кон Месечината

Четворица астронаути, по повеќе од 50 години полетаа кон Месечината. Вселенското возило…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Четворица астронаути, по повеќе од 50 години полетаа кон Месечината. Вселенското возило е веќе во висока орбита околу Земјата и ги минува последните проверки пред клучниот маневар што треба да го насочи летот кон Месечината. Со ова, НАСА успешно ја започна една од најзначајните вселенски мисии – „Артемис 2“. Станува збор за десетдневна мисија која има за цел да ги однесе астронаутите блиску до лунарната површина, но нема да стапнат на неа. Планот тоа да се случи е за дури две години.

Според планот на НАСА, екипажот треба да мине покрај Месечината на 6 април, кога астронаутите ќе фотографираат делови од површината, вклучително и области од далечната страна што луѓето досега не ги виделе. Откако ќе ја испробаат опремата и ќе заобиколат Месечината, тие треба да се вратат назад кон Земјата.

„Вселенското летало успешно се одвои од главниот степен, а соларните панели беа распоредени според планот. Наскоро екипажот ќе го изврши палењето за прилагодување на орбитата, со што леталото ќе се постави во стабилна висока орбита околу Земјата, додека се подготвуваме за транслаунарното вбризгување и патувањето во вселената.“

Реклама

„Ова навистина е неверојатно важен чекор. Мислам, ова е првата мисија со екипаж во оваа средина по повеќе од половина век, во ракета која никогаш претходно не превезувала луѓе, заедно со леталото. Затоа е исклучително важно, бидејќи ќе научиме многу од оваа мисија. Така што да — ова е почетокот.“– вели Администраторот на НАСА, Џаред Исакман.

Мисијата носи и неколку историски моменти. Кристина Кох ќе биде првата жена што ќе лета во близина на Месечината, Виктор Гловер првиот Афроамериканец со таква задача, а Џереми Хансен првиот Канаѓанец на оваа рута.

„Месечината е како сведочна плоча за формирањето на целиот наш Сончев систем. Таа е чекор кон Марс, каде што имаме најголема веројатност да пронајдеме докази за минат живот, но исто така е и референтна точка за тоа како се формираат други сончеви системи. Сето ова почнува да се открива кога ќе отидете на Месечината, и за мене тоа е една од најважните научни причини да се оди таму.“– вели астронаутката Кристина Кох.

Ракетата Space Launch System со капсулата Orion полета од Флорида на први април.  По успешното лансирање, претседателот на САД испрати честитки до астронаутите.

„Дозволете ми да започнам со честитки до тимот на NASA и храбрите астронаути за успешното лансирање на Artemis 2 — тоа беше навистина нешто посебно. Тие ќе патуваат подалеку отколку што било која ракета со човечки екипаж некогаш летала, ќе ја поминат Месечината, ќе ја обиколат и ќе се вратат дома од растојание што никогаш претходно не било достигнато — тоа е неверојатно. Тие се веќе на пат и Бог нека ги благослови. Ова се храбри луѓе и сакам Бог да ги благослови овие четворица неверојатни астронаути.“– вели претседателот на САД, Доналд Трамп.

Мисиите „Артемис“ не се само план за стапнување повторно на човекот на Месечината, туку и евентулано воспоставување на база на нејзината површина. Оттаму, главната цел е истражување на Марс, а се предвидуваат и други тест-мисии.