Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Прилози

Светски ден на аутизмот: 20.000 лица со аутизам во земјава не бараат привилегии, туку еднакви можности

Во свет каде што зборовите не се доволни постојат деца кои што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во свет каде што зборовите не се доволни постојат деца кои што говорат на еден поинаков јазик. Јазик кој што е полн со емоции гестови и искреност. На одбележувањето на 2 април светскиот ден на аутизмот   се погласен е апелот за прифаќањето на нивната различност, и не да се менува туку да се прифати.  Претседателот на Македонското научно здружение за аутизам Проф. Др Владимир Трајковски вели дека поддршката на лицата со аутизам во Македонија покажува одреден  напредок во последниве години но не е доволно рамномерен и недоволен за реалните потреби.

„Тие не бараат привилегии, тие бараат еднакви можности за образование, вработување и достоен живот. Најголем проблем всушност не претставува самиот аутизам туку системот, доцната дијагноза, недотигот на рана интервенција  и ограничен пристап до стручни услуги. Но многу семејства се оставени сами на себе да се снаоѓаат без доволна институционална поддршка – истакна проф. Др. Владимир Трајковски- претседател на МНЗА

За родителите е најважна поддршката , трпението, љубовта за овие деца да можат да постихнат многу повеќе отколку што можеме да очекуваме.

Реклама

„Во  претходните години додека јас го издигнував своето дете и работев со него,  не беше толку актуелна темата за аутизам и немаше толку настани за кои што јас и прашував дали има некаде и дали можам да се вклучам. Не јас бев надвор од Македонија но кога се вратив почнав да се активирам и видов дека има промени од тогаш до сега има промени“- вели Амела Мемиш Апостоловска родител на дете со аутизам.

Во Македонија според ИЈЗ  се регистрирани околу 1.000 до 1.500 деца со официјална дијагноза (Ф84.0), но се претпоставува дека реалната бројка е значително повисока, со оглед на тоа што многу случаи остануваат недијагностицирани или се водат под други категории на пречки во развојот. Најголемиот број новодијагностицирани се во Скопје, каде и пристапот до дијагностички центри, како Заводот за ментално здравје „Младост“ и Клиниката за детски болести е најголем.