Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Нов апарат дексаскен на Клиниката ТОАРИЛУЦ во Мајчин дом, за дијагноза на остеопороза

Ортопедската клиника “Мајчин дом” доби нов современ ултразвучен дензитометар  апарат кој ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ортопедската клиника “Мајчин дом” доби нов современ ултразвучен дензитометар  апарат кој ќе помогне во рано откривање и следење на остеопорозата.Уредот е брз и безболен и без зрачење кој ќе мери густината на коските кај пациентите.

Лекарите објаснуваат дека остеопорозата често се развива „тивко“, без симптоми, се додека не дојде до скршеница.Термините за снимање се веќе отворени.

“Овој нов апар сега ни отвора врати, покрај тоа што ќе го намалиме бројот на скршеници ќе може да направиме поголема заштеда и за здравствениот систем.Се надевам дека со Министерството ќе направиме и еден регистар на овие паицнети со остеопороза. Јас верувам дека ќе има огромен број на пациенти кои чекаат за снимање” вели д-р Марта Фотева, ортопед.

Реклама

Во Македонија има 13 вакви апарати од кои пет се во Скопје. Останатите се во другите градови.Според доктор Мерџановски, со раната дијагностика ќе се намалат листите на чекање за оперативни зафати.

“Покрај тоа што Клиниката за ТОАРИЛУЦ лекува пациенти оперативно веќе влеговме и во нова фаза со превенција каде што ќе направиме една нова патека каде што сите овие пациенти нема да дозволиме да дојдат на операција” изјави д-р Мерџановски, директор на Клиниката за ТОАРИЛУЦ.

Остеопорозата е растечки глобален здравствен проблем во светот, а скршеници од оваа болест се многу чести и се јавуваат кај една од три жени и еден од пет мажи на возраст над 50 години. Во Македонија се проценува дека има околу 80.000 пациенти со остеопороза, претежно жени.