Реклама
Македонија

МОН: Средношколската размена меѓу училиштата од Западен Балкан гради младина што создава заедништво, а не поделби

Да се градат партнерства е суштината на програмата Суперучилишта. Кога едно училиште…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Да се градат партнерства е суштината на програмата Суперучилишта. Кога едно училиште добива партнерско училиште од друга земја, тоа е трајна врска и соработка меѓу двете институции, наставниците и, што е најважно, меѓу учениците, рече заменик-министерот за образование и наука Дритон Сулејмани на промоцијата на училишна размена во рамки на Шемата за размена на училишта од Западен Балкан, кофинансирана од Европската Унија и Германското сојузно министерство за економска соработка и развој (BMZ), а имплементирана од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ).

Како што информира МОН, оваа училишна размена ќе се одвива меѓу скопската гимназија „Јосип Броз Тито“ и средното училиште „28 Ноември“ од Скадар, Албанија.

-Нагласувајќи дека за учениците ваквиот вид на соработка е важен како школо за вредности, заменик-министерот посочи дека преку размената младите учат за доверба, почит, солидарност како и за отвореност кон различното, објави МОН.

Реклама

Сулејмани посочи дека тие вредности преку дружењето стануваат дел од нивната личност и дека младите нив ги носат понатаму во животот, во работата, во семејството и во општеството.

-Така се создаваат генерации што знаат да градат заедништво, а не поделби, генерации што умеат да направат компромис и од најголеми разлики. Тоа е посебно важно на овие простори на Западен Балкан, кои може многу да добијат ако генерациите, кои се негова иднина, ги заменат предрасудите со отвореност и заедничко делување, истакна Сулејмани.

Министерството за образование и наука соопшти дека им дава поддршка на вакви програми „затоа што отворањето на средните училишта кон нови искуства и градењето мостови меѓу културите и народите им овозможува на учениците од разни држави да се запознаваат меѓу себе, да растат заедно и да се оформат како граѓани со широк светоглед“.

Заменик-министерот Сулејмани им се заблагодари на RYCO и GIZ за нивната посветеност и упорна работа во промовирањето на интеркултурно разбирање и градење пријателства кај младите генерации, кои живеат и учат во регионот на Западен Балкан.