Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Промоција на поштенската марка „Кедев – 14 највисоки врвови“ во Порта Македонија

Во Порта Македонија денеска ќе биде промовирана поштенската марка „Кедев – 14…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Порта Македонија денеска ќе биде промовирана поштенската марка „Кедев – 14 највисоки врвови“, издание на АД Пошта – Скопје, посветено на македонскиот кардиолог, доктор на медицински науки и алпинист д-р Сашко Кедев, кој во 2025 година стана првиот Македонец што ги искачил сите 14 врвови повисоки од 8.000 метри. 

Како што е наведено во соопштението на АД Пошта – Скопје, поштенската марка ќе биде промовирана од страна на директорот за поштенски операции и член на Управниот одбор Бојан Кереместески, со почеток во 13.00 часот.

Во јули минатата година, Сашко Кедев стана првиот Македонец и единствен во поширокиот регион кој ги искачи сите 14 светски врвови повисоки од 8.000 метри, откако успешно го освои Гашербрум I (8.080 метри) во Пакистан. 

Реклама

Со овој извонреден потфат, како и со претходното освојување на највисоките врвови на сите седум континенти, Кедев се вброи меѓу светската алпинистичка елита. За неговите исклучителни достигнувања во медицината и алпинизмот, тој е и добитник на високото државно одликување Орден „8 Септември“.