Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Свет

Путин: Едноставно е невозможно Ерменија да стане членка на ЕУ

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека „едноставно е невозможно“ Ерменија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека „едноставно е невозможно“ Ерменија да биде членка на Европска Унија, бидејќи Ереван веќе е член на царинска унија со Москва.

– Истовремено членство во ЕУ и во Евроазиската економска унија едноставно е невозможно по дефиниција. Разбираме дека секоја земја се обидува да извлече максимална корист од својата соработка со трети земји, но тоа мора да се направи на очигледен и искрен начин и да се договори од самиот почеток, изјави Путин на средбата во Кремљ со ерменскиот премиер Никол Пашинјан.

Путин изрази надеж дека „проруските“ политички движења би можеле да учествуваат на парламентарните избори во Ерменија закажани во јуни.

Реклама

– Навистина би сакале сите овие партии и политичари да можат да учествуваат во оваа внатрешнополитичка работа за време на изборите, наведе Путин.

Ерменија, поранешна советска република, се приклучи на Евроазиската економска унија, доминирана од Русија, во 2015 година. Но, Ерменија веќе две години покажува недоверба кон Москва, која е историски сојузник и снабдувач на оружје на Ереван. Русија сè уште има воена база на ерменска територија.

Ереван го обвинува Кремљ дека не ѝ даде доволна поддршка на Ерменија за време на вооружените конфликти во Нагорно-Карабах во 2020 и 2023 година.

Ерменскиот парламент минатата година донесе закон што овозможува почеток на преговори за пристапување со ЕУ.