Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Синот осомничен за убиство на татко во Гостивар, се обидел да ги прикрие трагите

Ги исчистил трагите од крв, го измил телото и го подготвувал за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ги исчистил трагите од крв, го измил телото и го подготвувал за погреб. 33 годишниот гостиварец се обидел да го прикрие убиството на неговиот неговиот 63 годишен татко и да го прикаже како несреќа односно пад во када.

Случајот излезе на виделина по анонимна пријава од странски телефонски број. Основното обвинителство од Гостивар поднесе кривична пријава за свирепо убиство и веќе е побаран притвор.

„По пријавата, полициските службеници и јавен обвинител извршиле увид на лице место, по што веднаш била наредена обдукција“, се наведува во соопштението на Основното Обвинителство – Гостивар.

Реклама

Според информациите од Обвинителството, трагедијата е резултат на претходни меѓусебни недоразбирања. По кратка расправија, синот физички го нападнал својот татко, задавајќи му удари со рацете и со тврди метални предмети.

Од тежината на здобиените повреди, таткото починал на лице место. Ова убиство доаѓа како нов шок, откако јавноста беше потресена само ден пред тоа кога дозна дека во Росоман, 24 годишно момче си ја убило мајка си, додека таа спиела, а потоа сам се пријавил во полиција.