Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Прилози

Уставни измени, без гаранции од Eвропската Унија дека ова е последно барање е рамно на дипломатско самоубиство

Национално и политичко самоубиство е ако Македонија ги внесе Бугарите без да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Национално и политичко самоубиство е ако Македонија ги внесе Бугарите без да добие гаранции дека во иднина нема да има нови блокади од Софија на патот кон Европската Унија. Владата треба да го издржи притисокот и токму сега кога на Унијата и е потребно проширување да опстои на своите цврсти позиции. Бугари во Устав ама само со гаранции, и реципрочна почит.

Според познавачите –  гаранции, почитување на меѓународното право и цврст став– се клучните предуслови за да се избегне процес што би се одвивал под постојан притисок.

Ова е важно затоа што во последно време повторно се поставувава прашањето дали и по уставните измени ведаш потоа ќе се почне со преговори како што беше ветено од Брсиел или ќе има нова рунда на уцени како што веке наговестува Бугарија.

Реклама

Барањето на гаранции од Унијата дека Бугарија нема да не блокира понатаму, според дел од аналитичарите е за да се сперчи уште една евенутална промена која Македонија би ја сторила за џабе.

Досега Владата добро се поставува во однос на ова прашање, ја смени реториката. Сега премиерот и министерот постапуваат отворено – дека или ќе биде тоа и ќе ги расчистиме односите во однос на позицијата на Македонците во Бугарија, или нема да има промена на Уставот. Разбирате, тоа е изборна позиција. Меѓутоа, сега фали акција. А таа акција, според мене, мора да се сведе на откажување на вториот протокол, кој, велам, е апсолутно нелегален.

Паралелено, важно е односите со Бугарија да се градат на рамноправна осноца – односн да се води сметка и за правата на Македонците таму, а не процесот да се води еднострано. Владата токму на тоа инистира, со цел да обезбеди фер и одржливо решение кое ниту допира во идентитетот ниту пак скратува нечии права.

Во меѓувреме, случувањата во европскито парламент од страна на бугарските европратеници покажува дека и понатаму постојат обиди за наметнување дополнителни барања. Веќе има амандамни во кој бугарите бараат преговирте да не започнат вендаш по уставбните иземни.  Во тој контекст е вториот протокол, каде стојат уставните измени како услов, и кој според Бугарија е дел од предговарачкиот процес, но тоа не е јасно навдено во преговарачката рамка. Токму затоа, според Никовски,  Владата бара јасни правила и гаранции, за процесот да продолжи без нови неизвесности.

Никаква дозвола нема за потпишување на тој протокол, а тој, де факто, претставува нов договор. Разбирате, вториот протокол треба да биде записник – протокол околу реализацијата на самиот Договор за пријателство.Но, тој втор протокол, всушност, е нов договор со едно чудо нови обврски за Македонија, вклучувајќи ја и промената на Уставот. А промената на Уставот, според ова гледиште, значи крај на македонизмот.

Во вакви околности, сè погласни се оценките дека не треба да има отстапки без јасни и цврсти гаранции. Зашто она што се виде со амандманите на бугарските пратеници во извештајот на Вајц се толкува како најава за тоа што може да следува – нови барања и дополнителен притисок. Токму затоа, според дел од анализите, клучно е процесот да се води внимателно и со јасно поставени услови, за да се избегне сценарио во кое секој следен чекор носи нови обврски.