Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Семејното насилство и фемицидот најбројни предмети на обработка на Народниот правобранител во 2025 година

Семејно насилство и фемицид – или убуство на жени – нардониот прваобранител…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Семејно насилство и фемицид – или убуство на жени – нардониот прваобранител минатата година имал полни раце работа со овие два вида на насилство. Дури 9 случаи на семејно родово базирано насилство имало изминатава година. Токму за овој вид на насилство пристигнале и пријави од граѓаните, но и од 24 здруженија на граѓани и 63 активисти. Тие главно се жалеле на ненавремената реакција на надлежните власти.

-Тоа е семејното и родово базирано насилство- фемицидо, како најтешка последица на семејното насилство беше причина за смрт на неколку жени во изминатат година- вели  народниот правобранител Фатон Сељами

Според правобранителот, во однос на случаите на семејното насилство биле констатирани ненавремена реакција на полицијата и несоодветен одговор на социјалните служби.

Реклама

-Народниот правобранител  постапувајќи по предметните случаи на фемицид констатира пропусти во институционалната реакција заради што е потребно  да се обезбеди превенција и координирано системско следење  на семејствата со ризично однесувањевели  народниот правобранител Фатон Сељами

Голем број пријави пристигнале и за загадување на животната средина. Во однос на загадениот воздух се споменува за несоодветни одговори од институциите за работата на депонијата Дрисла, за Вардариште, пожарот во Трубарево и за пластиката низ реката  Вардар.

Заштитата за животната средина останува еден од најголемите предизвици на нашето работење. Иако државата е должна  на сите да им ги обезбеди уставно загарантираното  право за здрава и чиста животна средина, минатата година само имавме екстремно загаден воздух во поголемите градови од држава- вели  народниот правобранител Фатон Сељами

По области правосудството е на прво место со со 307 претставки, втори се потрошувачките права со 264, работните односи со 218 и четврти детските права со 198.  Во однос на 2024 година намален е бројот на преставките. Во извештајот  на обдуцманот се споменуваат и   загрозените права на лицата со попреченост при гласањето на последните избори  но и на поднесените преставки за добивањето  социјална заштита и за незаштитеност на  работничките права.  Идната година вели правобранителот ќе се работи на поголема заштита која треба да им се понуди на жртвите и поголема ангажираност на државата за нивната сигурност. Предлагаат отворање на повеќе шелтер центри  за нивно згрижување но и обуки за кадрите за да навремено рерагираат кога ќе се посомневаат за вакви случаи.