Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Врачени благодарници на грчките болници, кои ги лекуваа повредените од трагедијата во Кочани

Вршителите на должност во Амбасадата на Северна Македонија во Атина и во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вршителите на должност во Амбасадата на Северна Македонија во Атина и во Генералниот конзулат во Солун, Борис Мирчевски и Василчо Дамчевски, им доделија благодарници на двете атински и двете солунски болници, кои веднаш по пожарот и трагедијата во Кочани, хоспитализираа 12 повредени лица.

Благодарниците беа доделени на одвоени средби, кои Мирчевски и Дамчевски ги имаа со директорите во болниците во Атина и Солун, за брзата реакција, за изразената солидарност и грижа за повредените, но и во знак на благодарност што сите згрижени пациенти закрепнаа и добија одличен третман за време на лекувањето.

Грција беше меѓу првите земји што прими повредни со изгореници. Тројца млади само неколку часа по пожарот беа префрлени во солунската болница, следуваа уште двајца во Воената болница во Солун, а два, односно три дена подоцна, со авиони „Ц-27“ на грчкото Воено воздухопловство беа транспортирани вкупно уште седум лица.

Реклама

Во Грција беа хоспитализирани 12 повредени: шест во Општата воена болница 401 во Атина; еден во Општата болница на воздухопловството 251; тројца во Општата болница „Папаниколау“ во Солун и двајца во Општата воена болница 424, исто така во Солун.