Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Свет

„Вашингтон пост“: Пентагон се подготвува за повеќенеделни копнени операции во Иран

Американскиот весник „Вашингтон пост“ објави дека Пентагон се подготвува за повеќенеделни копнени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Американскиот весник „Вашингтон пост“ објави дека Пентагон се подготвува за повеќенеделни копнени операции во Иран. Повикајќи се на официјални претставници, весникот пишува дека секоја потенцијална мисија ќе биде со помал обем од инвазија со полни размери и би можела да вклучува комбинација на специјалци и конвенционални пешадиски трупи. Според анонимен извор, за реализација на целите кои се разгледуваат, веројатно ќе бидат потребни „недели, а не месеци“. Друг, пак, проценил дека потенцијалната временска рамка за некој од видовите на операции е неколку месеци.

Ако американскиот претседател ги одобри плановите, тоа би значело нова фаза на ескалација на војната која би можела да биде значително поопасна за американските сили отколку првите четири недели.

Илјадници американски маринци веќе пристигнаа на Блискиот Исток, но не е познато дали Трамп ќе ги одобри сите, некои или ниту еден од плановите на Пентагон.