Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Прилози

Расте бројот на заболени со рак на кожата во Македонија

Расте бројот на заболени со меланом односно рак на кожата, а истовремено…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Расте бројот на заболени со меланом односно рак на кожата, а истовремено се намалува старосната граница, најмладите пациенти имаат само по 24 и 25 години. Лекарите апелираат да се прават превентивни прегледи и да се проверува секоја сомнителна бемка.

„Пациентот не може да ги препознае раните знаци на меланом. Меланомот и голем дел од меланомите  повеќе од 70 проценти се развиваат тоест на кожата излегуваат како новин лезии“, изјави др. Аџелка Илиева дерматолог.

Доколу меланомот се открие навреме, шансите за целосно излекување се огромни, но доколку се задоцни и се јават метастази прогнозите се застрашувачки.

Реклама

Дерматолозите апелираат да се избегнува изложување на сонце и секогаш да се користи заштитен фактор, тоа е најдобрата превенција.

„За жал кај нас има доста пациенти кои работат во источниот дел на Македонија кои работат земјоделие и навистина се изложени на УВ зраци така да добиваат и немеланомни карциноми на кожа“, изјави др. Аџелка Илиева дерматолог.

Во Македонија секоја година се откриваат 200 до 300 случаи на меланом, а во светски рамки бројката надминува 300 илјади. Меланомот е релативно редок, но е најопасниот рак на кожа.