Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Пониската цена на гориво во споредба со соседите ги наполни пограничните места „нафтени туристи“

Во Македонија се развива нафтен туризам. На граничниот премин „Меџитлија“ бројни возила…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Македонија се развива нафтен туризам. На граничниот премин „Меџитлија“ бројни возила кои, освен што доаѓаат да си ги наполнат своите резервоари на пограничните македонски бензински пумпи, не се ретки и оние кои пазаруваат во маркетите. Избегнувајќи да говорат во камера, зад камерите ни рекоа дека овде им било поевтино и горивото, но и некои други прехранбени производи, па затоа и се одлучувале на овој чекор. Цената на горивата во земјава останува и понатаму најниска во регионот и таа се движи од 86,50 ден./лит до 88,50 ден./лит за бензините и 92 ден./лит за дизелот, наспроти цените во Грција, каде бензините се продаваат од 1,81 – 1,98 евра за литар, додека дизелот достигна цена до 1,70 евра за литар.

За разговор во камера не беа расположени ни од пограничните бензински пумпи. Но, она што успеавме да го дознаеме од разговорот со нив е дека, и покрај напливот на странци кои точат гориво кај нас, место за загриженост нема. Гориво има доволно, велат тие, а се почитуваат и сите препорачани мерки од Владата.

Инаку, со сите овие мерки од Владата, горивата во Македонија и понатаму се продаваат по најниски цени во регионот. Колку за споредба, бензините во соседна Србија се продаваат од 1,55 евра до 1,69 евра, а дизелот за 1,71 евро. А во Албанија, пак, по 1,68 евра се продава и литар бензин, и литар дизел. Според премиерот Мицкоски, засега не се предвидуваат мерки за рестрикција на продажбата на горива за странците.