Реклама
Свет

Израелски медиуми: Вашингтон го одредил 9 април како целен датум за крај на војната

САД го одредиле 9 април како можен датум за завршување на војната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

САД го одредиле 9 април како можен датум за завршување на војната со Иран, објавија израелски медиуми. Израелски функционер изјавил дека „Вашингтон го одредил 9 април како целен датум за крај на војната, оставајќи околу 21 ден за продолжување на борбите и преговорите.“

Истиот извор додал дека разговорите меѓу Иран и САД се очекуваат подоцна оваа недела во Пакистан, напоменувајќи дека Вашингтон не го информирал Израел за деталите од контактите со претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Калибаф.