Пилотот и копилотот на авион на „Ер Канада“ загинаа откако се судрија со противпожарен камион при слетување на аеродромот „Ла Гвардија“ во Њујорк.
Несреќата, во која има десетици повредени, го затвори аеродромот. Американската Федерална администрација за воздухопловство ги приземји сите авиони поради, како што беше наведено, вонредна состојба.
Други детали не беа наведени. Од „Ер Канада“ се уште не ја коментираа несреќата.
