„Либералната партија“ на словенечкиот премиер Роберт Голоб освои најмногу гласови на парламентарните избори, одржани вчера, но ја загуби владејачката мнозинска позиција заедно со коалициските партнери од левиот блок.
Движењето „Слобода“ на Роберт Голоб освои 28,54 отсто од гласовите и 29 пратенички места, додека опозициската „Словенечка демократска партија“, предводена од поранешниот премиер Јанез Јанша, освои 28,17 проценти и 28 мандати.
Резултатите ја ставаат Словенија пред сложен процес на формирање влада, бидејќи ниту левиот, ниту десниот политички блок не успеаја да обезбедат 46 пратенички места, колку што се потребни за мнозинство во 90-члениот парламент.
