Реклама
Свет

Техеран: Немаме вишок нафта на море, САД прават психолошки трик

Четири недели од почетокот на војната во Иран. Иако прогнозите за крајот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Четири недели од почетокот на војната во Иран. Иако прогнозите за крајот на војната беа дека брзо ќе се заврши, сепак нападите од двете страни се засилуваат.

Иранскиот објект за збогатување на уран во Натанз беше погоден во напад од воздух, изјавија тамошните власти, наведувајќи дека немало зголемена радијација. Во исто време, жителите на Техеран рекоа дека главниот град бил мета на жестоки воздушни напади.

Две балистички ракети со среден дострел испука Иран кон заедничката американско–британска воена база на островот Диего Гарсија, на само 4.000 км од иранската територија, информираат западните медиуми, но до сега ниеден американски или британски функционер не ги потврдил наводите за испукувањето на ракетите од страна на Иран.

Реклама

„Не прифаќаме примирје затоа што не сакаме да се повтори сценариото од минатата година. Војната мора да заврши целосно и трајно, со гаранции дека ваква ситуација нема повторно да се случи“, изјави Абас Арагчи – шеф на иранската дипломатија

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп рече дека САД размислуваат за „постепено намалување“ на своите операции на Блискиот исток.

„Многу сме блиску до постигнувањето на нашите цели, па затоа размислуваме за постепено намалување на нашите големи воени напори на Блискиот исток против терористичкиот режим во Иран“, изјави Доналд Трамп – претседател на САД

Со најавата за намалување на нападите, претседателот се обидува да ја смири загриженоста на јавноста поради зголемувањето на цената на нафтата.

Оваа негова изјава доаѓа по критиките на НАТО-сојузниците, кои Трамп ги нарече „кукавици“, обвинувајќи ги дека немаат храброст да интервенираат во Ормутскиот теснец. Цената на нафтата се зголеми на 120 долари, што предизвика олабавување на санкциите за дел од иранската нафта во САД.

Американскиот секретар за финансии Скот Бесент објави дека привременото укинување на санкциите ќе овозможи 140 барели на нафта, заглавени во море, да влезат на глобалните пазари.

„Во суштина, ние ќе ја искористиме иранската нафта против Техеран за да ја одржиме цената ниска додека ја продолжиме операцијата“, изјави Скот Бесент – американски секретар за финансии

Ваквата изјава иранското министерство за нафта ја оквалификува како „психолошки трик“ на американскиот секретар. Целта на тие коментари е да се охрабрат купувачите и да се влијае на расположението на пазарот, вели министерот за нафта Саман Годуси.