Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Општина Штип обезбедува психолошка поддршка за пациентите со карцином и нивните семејства

Медицинскиот третман често ја става во втор план емоционално-психолошката состојба на пациентите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Медицинскиот третман често ја става во втор план емоционално-психолошката состојба на пациентите со карцином. Но, токму ваквата поддршка е еден од клучните фактори што им помага полесно да се соочат со болеста, објаснува психотерапевтот Анета Кирова. Таа е дел од проектот „Бесплатна психолошка поддршка“ на Здружението „Лирас“, кој преку групни разговори им овозможува на заболените од карцином да споделат искуства и полесно да се справат со предизвиците.

„Истражувањата покажуваат дека лицата кои се вклучени во групна работа, на коишто им е понудена психолошка поддршка, имаат можност полесно да се справат со третманот, да имат поквалитетен живот, се намалува анксиозноста и социјалната изолација“ – изјави психотерапевтот Анета Кирова.

Групите ќе ги водат стручни лица во атмосфера каде пациентите слободно ќе зборуваат за стравовите и стресот, а истовремено ќе бидат поттикнати храбро да се борат со болеста. Средбите ќе им овозможат размена на искуства, што дополнително ќе ја олесни психолошката состојба на пациентите.

Реклама

„На сите корисници им се нуди можност да се соочат со дијагнозата на начин што обезбедува нормализирање на нивните чувства, чувство на припадност и разбирање, стручна помош за справување со стресот, но и можност да добијат помош и да ги прифатат сопствените телесни и животни промени“ – изјави психотерапевтот Весна Трајковска.

Проектот е поддржан од Општина Штип и ќе трае шест месеци. Средбите ќе се одржуваат еднаш неделно, а покрај пациентите, поддршка ќе можат да добијат и нивните најблиски членови од семејството.