Нема лекарска грешка во случајот со 19-годишната родилка од Струмица која по породувањето со царски рез во струмичката болница и аплицирана спинална анестезија остана инвалид и сега е во количка. Од министерството за здравство, велат дека најверојатна причина за нејзината состојба е ненадејно крварење во и околу ’рбетниот мозок поради многу мала и ретка неправилност на крвните садови, која инаку не се гледа на вообичаена ангиографија. Комисијата по разгледувањето на целокупната медицинска документација од сите болници каде била младата жена, снимките од магнетната резонанца и сослушувањето на сите инволвирани доктори – едногласно одлучиле дека нема лекарска грешка.
-Во основа јас лично сметам и тоа неколку пати го изјавив дека секој случај посебно ваков случај за наводи за можна лекарска грешка кај родилка заслужуваат највисок степен на вниамние и највисок степен на препазливост како наш личен однос кон пациентката, пациентот може да биде и пристапивме многу сериозно, јас лично ги избрав докторите за стручниот надзор- истакна министерот Сашо Клековски
Дека причина за неподвижноста на родилката не е спиналната анестезија покажува и промената во ’рбетниот мозок која е забележана значително повисоко од местото каде била аплицирана инјекцијата. По породувањето пациентката била добра, уредно со бебето биле пуштени дома, а симптеомите на парализа се јавиле после 6 дена. Најверојатна причина, според експертите, е спонтано крварење од ретка малформација на крвните садови.
Тонски-др Игор Самарџиски-гинеколог-акушер ГАК
-Се работи за пациентка која што е префрлена регуларно од болница од понизк степен заради одлуката на стручниот тим од таа болница да се прати пацинетката заради физичката состојба зарди започнувањето на раѓањето кое што спаѓа во група на ризична бременост. Таа е пациентка со една претходна операција односно преку еден царски рез, обезна и со започнувањето на породувањето нешто порано од терминот. Стручниот тим одлучи даа се препрати со претходна најава до повисокиот болнички степен. Тоа е клиничка болничка Штип каде што е прифатена и оперативниот зафат е регуларно направен без никакви проблеми во текот на операцијата– истакна др. Игор Самарџиски-гинеколог-акушер и член на комисијата.
Комисијата за надзор над стручната работа е составена од пет експерти – гинеколог, анестезиолог, невролог, неврохирург и радиолог, од кои двајца од Србија. Дополнително препорачуваат дијагностика за конечно утврдување на причината и продолжување на рехабилитацијата. Инаку породувањето на 19 годишната девојка од Струмица е направено на 26 јуни во Клиничката болница во Штип. Таа е мајка на уште едно дете, старо три и пол години.

