Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Вигенин: Коридорот 8 треба да нè поврзе, напредокот во поврзувањето е практичен тест на европската интеграција

Поврзаноста можеби не звучи толку политички како другите теми што ги дискутираме,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поврзаноста можеби не звучи толку политички како другите теми што ги дискутираме, но во нашиот регион таа е практичен тест на европската интеграција, порача денеска Кристијан Вигенин, европратеник од редовите на Бугарската социјалистичка партија (БСП) и член на Делегацијата на Европскиот парламент во Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ–Македонија.

-Поврзаноста не звучи толку политички како другите теми што ги дискутираме, но во нашиот регион, тоа е практичен тест на европската интеграција. Инфраструктурата којашто застанува само на границата не е поврзаност, енергетската безбедност не се постигнува само со документи и не им помага на граѓаните да ги развиваат своите бизниси, затоа напредокот на Коридорот 8 е многу важен, истакна Вигенин, во обраќањето на Втората сесија на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Македонија, посветена на поврзувањето и развојот на инфраструктурата.

Тој посочи дека двете држави одат напред во поврзувањето и изградбата на тунелот меѓу двете земји, нагласувајќи го значењето на железничкото поврзување како дел од европската транспортна мрежа, кое е поддржано од Европската Унија, Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој.

Реклама

-И двете земји треба да почнат со практичниот дел од работата, со тендери и градежни работи на железницата. Добри патишта, добри железнички врски не можат да се третираат како второстепени нешта што треба да ги правиме. Токму тие ќе овозможат послободен проток меѓу луѓето во Западен Балкан и ЕУ – рече Вигенин.

Според него, Коридорот 8 треба да има улога во поврзувањето на регионот и да придонесе за зголемување на регионалната размена.

-Коридорот 8 треба да нè поврзе, не да нè дели, ќе ја поттикне регионалната размена и ќе ја поврзе Македонија и со Црното и со Јадранското Море – рече Вигенин.

Тој, сепак, оцени дека спроведувањето на проектите е премногу бавно и оти постои значителни поддршки од ЕУ што можат да ја добијат соседни земји кои сакаат да соработуваат, со цел надминување на пречките.

Вигенин посочи дека поврзаноста е приоритет за Европската Унија, особено во контекст на прашањата поврзани со конкурентноста, европската економија, одбраната и воената мобилност.

-Размената со соседните региони и главните прашања апострофирани во говорот на Фон дер Лејен се поврзани со уште еден коридор, Средниот коридор, кој е во надзор на институциите, но е одложуван. Затоа, Европската Унија планира да инвестира напор и средства во спроведувањето на т.н. Среден коридор, што ќе ја поврзе Европа со Кавказот и Централна Азија, но минува низ Бугарија, Македонија, Албанија и Јадранот. Тоа е само еден сегмент од овој коридор, рече тој.

Според Вигенин, активната работа на Коридорот 8 е важен дел од т.н. Среден коридор.

Тој информираше дека наредната година во Бугарија ќе се одржи голема конференција посветена на поврзувањето, чија главна тема ќе биде токму овој коридор и изрази уверување дека претставници од Европската Унија и земјите кандидатки ќе учествуваат на оваа конференција. Оцени дека иницијативата ќе претставува можност за забрзување на размената и подобрување на поврзаноста меѓу земјите, а со цел да отвориме нови можности за трговска размена.

-Треба да бидеме практични и прагматични, да зборуваме за трговија, за инвестирање, а тоа значи подобар живот за нашите граѓани, што на крајот на краиштата е главна цел и на Европскиот парламент и на Собранието – заклучи Вигенин.