Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

АБТЦ и „Тиквеш“ на годишниот ручек на Трговската комора на Илиноис во Америка

Американскиот Балкански Трговски Центар (АБТЦ) и винарската визба „Тиквеш“ беа меѓу гостите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Американскиот Балкански Трговски Центар (АБТЦ) и винарската визба „Тиквеш“ беа меѓу гостите на овогодинешниот престижен годишен ручек организиран од Трговската комора на Илиноис, на кој присуствуваа претставници на водечки компании во државата, бизнисмени, институционални претставници и политички лидери, стои во соопштението на АБТЦ.

Настанот беше во знак на успехот, растот и достигнувањата на деловната заедница и претставуваше можност АБТЦ да ја сподели својата визија и мисија, но и да слушне и истакне инспиративни приказни за успешни бизниси и лидери.

-Работиме напорно и сакаме АБТЦ да прерасне во лидер кој ќе го гради мостот помеѓу Американските и Балканските бизниси, како во Америка, така и на Балканот. Затоа сме тука, да покажеме дека ништо не е невозможно, туку напротив, полека но сигурно се движиме кон целта. Присуствувајќи на вакви настани, сме чекор поблиску до остварување на нашата мисија и визија-изјави Бобан Попевски, еден од основачите на АБТС.

Реклама

Годишниот ручек ги собра истакнатите професионалци и организации од Илиноис, ги прослави оние кои дале значаен придонес и создаде можности за вмрежување, соработка и воспоставување нови деловни контакти.

За АБТЦ, учеството на ваков значаен собир претставуваше можност да биде дел од заедница на лидери кои придонесуваат кон развојот на деловниот сектор и кон создавањето посилни врски низ Илиноис и пошироко.

За првпат, на настанот се претстави и винарската визба „Тиквеш“, реномирана македонска компанија, која им се придружи на американските бизниси и изложувачи во претставувањето на своите производи пред гостите и деловните лидери од целиот Илиноис.

„Денес сме тука да го претставиме она што го нудиме и да ги претставиме вината произведени од винарската визба „Тиквеш“. Ви ветувам дека нема да ве разочараме. Напротив, ќе ве направиме горди на прекрасните и неодоливи вина од Македонија“, изјави Светозар Јаневски, сопственик на винарската визба „Тиквеш“.

Гостите имаа можност да се сретнат со изложувачите и да дознаат повеќе за нивните производи и услуги. Меѓу изложувачите беше и „Тиквеш“, кој на присутните им претстави избор од своите вина.

Настанот започна со церемонија на почесна гарда и интонирање на националната химна, изведена од вокалист на Полициската управа на Чикаго, со што беше поставен формален и свечен тон на собирот.

Меѓу говорниците беше и гувернерот на Илиноис, Џ.Б. Прицкер, кој им посака добредојде на присутните и зборуваше за економската иднина на државата и деловното опкружување.

„Драго ми е што повторно сум дел од официјалниот ручек на Трговската комора на Илиноис. Ова значи многу за сите нас. Тоа значи подобра иднина, подобра инвестициска клима во оваа држава и подобри услови за работење на бизнисите“, рече Притцкер.

Меѓу присутните истакнати гости беше и Марко Николиќ, конзул на Република Србија во Чикаго, кој исто така беше поканет на ручекот.

Во разговор за „First Balkan Media“, конзулот Николиќ ги сподели своите впечатоци од настанот и неговото значење за деловната и дипломатската заедница.

„Драго ми е што сум денес тука и ми е посебна чест да ги видам моите сонародници меѓу присутните на ваков настан. Тоа покажува дека нашите луѓе успеваат во Америка, градат свои бизниси, ја следат својата визија и го наоѓаат вистинскиот пат кон успехот“, рече конзулот Николиќ.

Годишниот ручек им овозможи на бизнис и политички лидери од целиот Илиноис да се соберат, вмрежат, да разменат идеи и да воспостават нови деловни и професионални односи.

За Американскиот Балкански трговски центар, учеството на настан од ваков обем претставува уште една можност за зајакнување на врските меѓу Балканско-Американската бизнис заедница и пошироката деловна и институционална заедница на Илиноис.