Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Цврста одбрана на македонските национални интереси, отворена порака дека не се откажуваме…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Цврста одбрана на македонските национални интереси, отворена порака дека не се откажуваме од Европскиот сон, но не под уцени, слика на држава што сака да ја зајакне својата позиција преку сојузништва, добри односи со соседите, капитал, инфраструктура и геостратешка положба, додека паралелно ги застапува своите државни интереси во процесот на европската интеграција. Турнејата на владината делегација, предводена од премиерот Мицкоски, во САД е во својот зенит. Средби со конгресмени, јавни настапи, учества на дебати и трибини, билатералки со регионалните лидери, останува уште клучниот настап – говорот на Мицкоски пред Генералното собрание на Обединетите нации.

„Разговаравме за важноста на мирот, дијалогот, одговорното лидерство и улогата на државите и меѓународните институции во справувањето со глобалните предизвици. Воедно, остварив средба и разговор со претседателот Стуб, на која ги истакнавме значењето на почитувањето на меѓународното право, силната мултилатерална соработка и потребата од градење стабилна и безбедна Европа“, рече Мицкоски на последниот панел „Повторно потврдување на ветувањето за мир: Користење на моќта што ја имаме“, чиј домаќин беше финскиот претседател Александар Стуб.

Но, американската турнеја не се сведе само на објаснување на нашите позиции во однос на бугарското вето и евроинтеграцијата. Во Вашингтон, но и во Њујорк, на маса беа ставени обновениот нафтовод до Солун, гасните интерконектори кон Грција и Србија, изградбата на автопатиштата долж коридорите 8 и 10, секако „Чебрен“ и „Галиште“, дата-центрите, високите технологии, критичните минерали, како што е антимонот, наречен и „македонското злато на новото време“, наменската индустрија и инфраструктурата.

Реклама

Како поддршка на премиерот, серија средби и јавни настапи има и министерот за надворешни работи Муцунски, според кого Македонија има постојани и цврсти односи со САД, и порача дека државата сака да напредува кон ЕУ, но и дека во разговорите со Бугарија бара вклученост на Унијата и предвидливост во процесот.

„Позициите коишто ние ги пренесуваме се апсолутно јасни, истакнати повеќе пати, а тоа е дека, да, ние сакаме да тргнеме напред на патот кон Европската Унија, конечно да ја добиеме таа можност да ги отвориме преговорите, но исто така не сме подготвени по која било цена да прифатиме компромис којшто на државата не ѝ обезбедува предвидливост. Затоа за нас е значајно во сите разговори кои што понатаму ќе ги имаме со Бугарија да има и вклученост на ЕУ“, изјави Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи на Македонија.

Вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали потврди дека се очекува официјализирање на стратегијата за проширување согласно предлозите на Франција и Германија за постепена интеграција на кандидатките, што го оценува како позитивен исчекор. Во Њујорк се одржа и состанок на лидерите на ЕУ и Западен Балкан, на кој се разговарало за регионалните предизвици, зајакнувањето на соработката и заедничките приоритети за стабилен и безбеден регион.