Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

АХВ: 560 вонредни контроли во објектите за производство на сладолед и мраз, издадени 140 решенија за утврдени неусогласности

При 560 вонредни инспекциски контроли на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ)…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

При 560 вонредни инспекциски контроли на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во објектите за производство на сладолед и мраз, како и во угостителски објекти кои сами произведуваат и ставаат во промет вакви производи за сопствени потреби издадени биле 140 решенија за утврдени неусогласности. Изречени биле и 45 парични казни во вкупна вреднсот од 19 430 евра во денарска проиввредност, а како небезбедни нештетно се уништени 202 литри/килограми сладолед и мраз. 

-Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), согласно одредбите од Законот за безбеднсот на храната, од почетокот на јули до крајот на август спроведоа вонредни инспекциски контроли во објектите за производство на сладолед и мраз, како и во угостителски објекти кои сами произведуваат и ставаат во промет вакви производи за сопствени потреби. Во два месеца реализирани се вкупно 560 инспекциски надзори кај оваа категорија оператори, за што се издадени 140 решенија за утврдени неусогласности – информираат од АХВ.

Според АХВ, со спроведените контроли утврдено било дека 17 оператори не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата за храна и ветеринарство, а 64 од операторите немале направено анализи на сладолед/мраз. Кај 20 АХВ утврдила  несоодветно означување на производите, а тројца набавувале мраз од нерегистриран добавувач. 

Реклама

Со контролите кај 10 оператори биле затекнати вработени лица кои немале спроведени задолжителни здравствени прегледи. Незадоволителни хигиенски и технички услови биле утврдени кај пет од контролираните објекти, а 19 оператори немале воспоставени процедури на Добра производствена и Добра хигиенска пракса, како и процедури за чистење на ледоматите. 

Незадоволителни технички и хигиенски услови имало во 5 објекти, а записи за следливост немале 4 од операторите. Кај еден оператор утврдено било дека нема спроведено задолжителни мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација.