Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

Штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ со дебати и презентации ја одбележува „Европската ноќ на истражувачи“

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип денеска со низа на дебати и презентации пред…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип денеска со низа на дебати и презентации пред студентите, средношколците и граѓаните  ја одбележува „Европската ноќ на истражувачи“. Проректорот на УГД-Штип, Дарко Лазаров на денешната прес-конференција рече дека „Европската ноќ на истражувачи“ е европска  научна манифестација,  во која што се вклучени повеќе од 50 универзитети ширум Европа.

 -За таа цел широко ги отвараме вратата, односно вратите на нашиот универзитет за студентите,  за младите средношколци, меѓутоа и за љубопитните граѓани. Преку серија на активности, интерактивни работилници, научни експерименти, меѓутоа и преку културни, односно уметнички манифестации ќе се обидеме да го промовираме универзитетот, меѓутоа и неговата научно-истражувачка димензија односно улога во општеството – вели Лазаров.  

Тој посочи дека на тој начин покажуваат оти УГД-Штип е еден европски модерен универзитет, кој што широко ги отвора вратите и е транспарентен кон јавноста. Цел на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип не е само да создаваат и да креираат наука, туку многу повеќе – таа да ја пренесуваме кон младите и исто така да ја применуваат во решавање на различни предизвици, со кои секојдневно се соочува нашето општество.  

Реклама

​Александра Милева дека на Факултетот за информатика при УГД-Штип вели дека денеска се слави науката, бидејќи таа е двигател на нашето општество – денес и во минатото.

 -Ги отворивме вратите на лабораториите, ќе има, младите ќе можат да се запознаат со нашите лаборатории, ќе има изведување на експерименти, ќе има научнопопуларни предавања, ќе има панел-дискусија за храната каде што ќе научат дека храната може да им биде пријател или непријател на нивното здравје. Главниот настан се случува вечерва, каде што ќе имаме богата уметничко-културна програма, но исто така ќе имаме и изложување на претставување на сите факултети и лаборатории и дел од средните училишта од Штип и Источна Македонија – изјави Милева.

 Настанот ќе се одржи вечерва во 18 часот, во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип.