Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Со филмски проекции, работилници и средби со автори продолжува „Џифони Македонија“

Со проекции на филмови, работилници, дискусии и средби со автори, денеска продолжува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со проекции на филмови, работилници, дискусии и средби со автори, денеска продолжува програмата на 14. издание на Младинскиот филмски фестивал „Џифони Македонија“, кој синоќа беше отворен во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар во Скопје.

Како што соопштуваат организаторите, на отворањето, заменик-амбасадорот на Италија во земјава, Морено Зела, истакна дека фестивалот ги става младите во центарот на вниманието како публика, жири и активни учесници во креативните содржини.

– Вие овде сте и публика, но и жирито на фестивалот и ќе работите на филмови, ќе се инспирирате од нив, ќе креирате на работилници. Тоа е тоа што го прави „Џифони“ да живее секоја година и да биде успешен фестивал. Горди сме што можеме да го промовираме овој настан и годинава – рече Зела.

Реклама

Во работниот дел од фестивалот учествуваат околу 400 џифонци од шест земји. Програмата за јуниорите се реализира во Кинотеката на Македонија, додека кадетите и сениорите, односно средношколците, своите активности ги следат во МКЦ.

Во киното „Фросина“ денеска напладне средношколците ќе го гледаат филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“, по што ќе имаат средба со режисерката Дина Дума. Станува збор за нејзиниот втор долгометражен филм, кој минатата недела ја имаше македонската премиера на отворањето на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. Со ова остварување ќе биде отворена и натпреварувачката програма на фестивалот.

Во рамки на програмата Creative You(the) Talks ќе бидат претставени филмовите „In Another Life“ на режисерката Јована Здравковска и „Warmis Sobre Ruedes“ на режисерката Оливера Каменаровска. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат и со Кирил Цеков и Филип Димитриевски, автори на филмот „Bitter Sweet“.

Предвидена е и интернационална вечер, на која младите учесници од различни земји ќе ги претстават своите култури преку храна, музика и други традиционални содржини.

Годинашното издание на фестивалот се одржува под мотото „Невозможните нешта“, со фокус на прашањата што за младите денес изгледаат недостижни и на можностите за надминување на границите на замисливото. На фестивалот учествуваат млади од земјава, како и околу 30 учесници од Италија, Данска, Романија, Србија и Косово.